Red Bull RB17 – Нов хипер автомобил во најава

На Фестивалот на брзина во Гудвуд 2024 во Велика Британија, Адријан Њуи и Red Bull Advanced Technologies го претставија очекуваниот хиперавтомобил RB17, кој е развиен со единствена идеја да понуди најблиско можно Формула 1 искуство.

Двоседот во поголема дел е изработен од јаглеродни влакна е наменет само за употреба на патека и опремен е со хибриден погонски систем, чиј мотор на согорување  има 4,5 читрена зафатнина,  десет цилиндри поставени во V формација, врти до импресивни 15.000 врт/мин, развива 986 коњи и потпишан е од Cosworth. Него му помага и електро мотор, а системската сила достигнува 1.200 КС. RB17, кој тежи само 900 килограми, е со погон на задните тркала и неговиот менувач е обвиен со јаглерод.

Red Bull тврди сека RB17 е способен да постигне споредливи времиња со болидот од Формула 1 ветува максимална брзина од 350 км/ч. За тоа е заслужна и извонредната аеродинамика на каросеријата која обезбедува и до 1.700 килограми потисок. Хипер автомобилот ќе започне да се тестира на патека кон средината на идната година. Планирано е да се произведат 50 примероци по цена од пет милиони евра по примерок.

Цената, покрај перформансите, се оправдува и со извонредно високото ниво на персонализација на RB17 кое муштериите сами ќе го одредуваат по сопствена желба.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER