Јапонските гиганти се договорија
Honda и Sony дополнително ќе го засилат своето автомобилско партнерство и идните нивни електрични возила ќе бидат базирани на истата платформа. На тој начин двете компании ќе ги намалат трошоците и ќе го скратат времето за развој, што секако ќе им помогне подобро да се подготват не само за кинеската конкуренција. Аналитичарите сметаат дека на платформата отпаѓаат отприлика 10 отсто од трошоците за развој на електричните возила.
Honda планира до 2031 година да лансира седум модели од новата генерација, од кои првите во 2026-тата, по цена од околу 40 илјади долари. Автомобилите на Sony кои ќе се продаваат под марката Afeela би требало да бидат поскапи. Од работите што се знаат за нив се споменуваат ултратенки литиум-јонски батерии кои треба да обезбедуваат автономија од околу 500 километри. За погон ќе се користи таканаречена е-оска, чија покомпактна конструкција ќе обезбеди поголем простор во внатрешноста. И тежиштето ќе биде нешто пониско, со што ќе се подобрат возните својства.



