Bentley Continental GT
(видео, фото-галерија)

Ново лице, нов мотор

Bentley, за почеток само во врвното Speed издание, ја претстави новата четврта по ред генерација на Continental GT и неговата отворена GTC верзија, која на сите атрибути што ги имаше досега додава повеќе технологии и нов плаг-ин хибриден V8 мотор кој го заменува сегашниот W12. Пропорциите и неколку препознатливи стилски зафати се задржани, така што целиот изглед сега делува поелегантен и пософистициран. Заслуга за тоа има лицето кое потсетува на ексклузивниот Batur со помала маска и поголеми единечни светла кои ги заменија двојните од претходникот. Задните светла се издолжени со ЛЕД графика како скапоцен камен.

Внатрешноста се чини како  во голема мерка да е пренесена од претходниот Continental GT, што наметнува двојба дали се работи за нова генерација или пак за сеопфатен редизајн на сегашната. Инженерите на Bentley ја имаат подобрено звучната изолација, додадено понапреден инфо-забавен систем компатибилен со безжичните технологии и со можност за софтверски надградби преку интернет. Како и досега употребените материјали се со високо ниво на квалитет, а на пребирливите на располагање им се бројните опции за персонализација од програмата на Mulliner.

Најголемата новост е плаг-ин хибридниот погон со еден електромотор и комбинирани 782 KS и 1.000 Nm вртежен момент. Погонот е на сите тркала, а батериите со капацитет од 25,9 kWh обезбедуваат електрична автономија од солидни 80 km. Динамиката на возење ја обезбедуваат воздушното ослонување со адаптивните амортизери и управувањето на сите четири тркала. Перформансите се во согласност со бројките од техничките податоци на моторот, иако возилото заради хибридниот погон е потешко за 192 kg – новиот Continental GT Speed забрзува од 0 до 100 km/h за 3,2 секунди и има најголема брзина од 335 km/h, која кај кабриолетот е ограничена на 285 km/h.

Испораките на новите модели на Continental GT и GTC ќе започнат во третиот квартал, кога и ќе се дознаат цените.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER