Кога Toyota ја претстави втората генерација на Mirai кажа дека тоа е само почеток…
Навистина – во времето што следеше неговата водородна технологија ја видовме во камиони, автобуси, возови и пловила за сега повторно да дојде на четири тркала. Конкретно во популарниот Hi-Lux од кој британската филијала на марката со поддршка на својата влада направи десет примерока. Како прототип претставен лани, овој еколошки пикап скоро да ги има сите особености како и моделите со мотори со внатрешно согорување.
Главната разлика секако е поврзана со погонската група. Системот горивни ќелии што се наоѓа во предниот дел од возилото произведува струја за електромоторот кој ги задвижува задните тркала. Вкупно 182-те коњски сили од него му даваат споредливи перформанси, а трите резервоари со 7,6 килограми водород сместени на средина на шасијата под кабината 600 километри автономија.
Половина од произведените примероци ќе бидат подложени на ригорозни тестирања а другите ќе служат како демо возила за убедување на јавноста во предностите на иновативната технологија на Toyota. Токму тоа е клучниот елемент во целата оваа приказна бидејќи Јапонците ја подготвуваат третата генерација на fuel-cell погонот за лансирање во 2026 или 2027 година.


