Претстојниот викенд во салонот на Толту Моторс, увозникот на групацијата Great Wall Motors, ќе се организира презентација и тест возење на луксузниот Wey 03 и електричниот Ora 03. Двата модели веќе се присутни на европскиот пазар и побудуваат забележителен интерес. Wey 03 со својата луксузна појава одезбедува врвен комфор и безбедност, со високо квалитетни материјали и напредни технологии.
На светскиот пазар електричните возила стануваат општо прифатени. Во тоа силна улога превземаат моделите што доаѓаат од Кина. Со провокативниот дизајн, ефикасност и иновативни карактеристики, овој модел обезбедува одлична автономија и брзо полнење. Во сето речено сите кои ќе присуствуваат ќе може да се уверат. Поканети се сите заинтересирани во сабота и недела од 10 до 15 часот во салонот на Толту Моторс лоциран на Јадранска Магистрала 58.


