Во духот на марката, А390 GT ќе има погон на сите тркала и потенцијал да испорача повеќе од 440 коњи во врвната изведба
На патот на својата експанзија, Alpine порачува дека на сегашниот единствен продукциски модел, перформансното купе А110, ќе додаде повеќе електрични рафинати под своето име во следните години. Секако дека силата се црпи од родителот Renault, кој ја даде основата за овој оптимизам. Како што е веќе познато, во финална фаза се тестовите на првото БЕВ на марката А290, кое всушност е спортска интерпретација на во Женева лансираниот Renault R5.
Комерцијализацијата се очекува годинава, а веќе прашината не се слегна околу него, француските билдери суптилно го најавуваат следниот производ. Се работи за кросоверот А390 GT, повторно БЕВ, чија вкупна должина од 4,6 метри го позиционира во компактниот сегмент. Повеќе од извесно е дека е поставен врз архитектурата AmpR Medium, ребрендирана верзија на CMF-EV платформата која ја употребуваат Renault Megane E-Tech и Scenic E-Tech. Тоа најавениот А390 GT го прави и технолошки близнак со Nissan Ariya од која, според приложеното, ќе има погон на сите тркала.
Alpine е спортски и премиум ориентиран бренд, па нема да изненади доколку, на моторот поставен на предната оска силен 218 коњи, ќе му се придружи уште еден или два екектро-мотори на задната оска. Сходно на тоа се очекува А390 GT да располага со повеќе од 440 коњи, бидејќи Nissan Ariya Nismo B9 E-Force има 435 коњи. Основната изведба ќе биде онаа со погон на предните тркала чие лансирање ќе следува подоцна. Кога ќе пристигне на пазарот Alpine A390 GT ќе биде втор потполно електричен модел на компанијата. Но, амбициите не запираат тука. Во план се уште два поголеми кросовери, А 490 и А590 GT, кои треба да бидат претставени во втората половина на декадава.


