Toyota – Mirai FCV co 40.000 долари попуст

На амeриканскиот пазар за Mirai на погон со водородни горивни ќелии Toyota нуди попуст од дури 40.000 долари. Сега возилото што чинеше 67.000 долари, стана малку поскапо од Corolla

Toyota е позната по издржливоста. Не само на своите производи, туку и во упорноста на пробивањето на својата филозофија. Кога на пазарот го исфрли Prius, првиот самонапојаувачки хибрид, компанијата ја вкалкулира  својата загуба само да го проибие производот на пазарот.

Повеќе од 15 години Toyota губеше повеќе од 10 илјади долари по произведен Prius со цел да ја истурка својата агенда. Од таа прикаска излезе како победник и предводник на плејада модели од други марки што ја прифатија оваа технологија. Сега историјата се повторува, овој пат со технологијата на водородни горивни ќелии (FCV). Моделот Mirai го погонува токму оваа технологија, а со цел да ја омасови, Toyota направи еден храбар и извонредно скап потег.

Во САД, јапонците ја понудија Mirai FCV со астрономски попуст. Mirai се нудеше за 67.115 долари, но дилерите на Toyota сега нудат попусти од 40.000 долари, намалувајќи ја цената на нешто повеќе од 27.000 долари, што ефективно ја израмни со Corolla. Најголемата дилема е каде ќе ја полните багателно набавената Mirai FCV?! Понудата важи само во Калифорнија , каде што се наоѓаат повеќето мали станици за полнење водород во Америка, а Шел неодамна објави дека ќе затвори седум од своите 55 места во државата поради проблеми со снабдувањето.

Дали огромните попусти што се нудат за Mirai би биле доволни за да се убедат купувачите да ги поднесат потенцијалните логистички проблеми поврзани со полнењето на водороден автомобил? Можеби овој потег ќе ги охрабри останатите дистрибутери на енергија да ја зголемат понудата на течен водород. Повеќе од јасно е дека токму оваа технологија станува високо конкурентна на БЕВ. Тоа се гледа и во омасувањето на FCV возилата во доставниот сектор.

Засега погонот на водородни горивни ќелии станува реалност во доставните возила на повеќе автомобилски производители, а прашање на време е кога тие ќе бидат омасовени во моделите на Stellantis, Hyundai, BMW и Mercedes. Размената на технологија може да направи токму оваа технологија да биде биде водечка еколошка сила во мобилизацијата во следната деценија. Доколку се постави правилно равенката на еколошка оправдливост и одржливост, иднината припаѓа на овој погон, не на електричниот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER