Париз – Автомобилите на листа за отстрел

На вчерашниот референдум Парижаните изгласаа тројно зголемување на цената за паркирање за големите теренци

Парижаните изгласаа големите теренци да бидат подложени на трикратно зголемување на цените за паркирање, бидејќи француската престолнина има долгорочни планови да стане град за велосипеди.

За мерката гласале околу 54,5 отсто од парижаните, додека 45,5 отсто биле против. Поскапувањето за паркирање се однесува за кросовери потешки од 1,6 тони и ќе изнесува до 18 евра на час. Оваа одлука има за цел да ги обесхрабри „големите загадувачи на тркала“ соопшти Градското собрание. Интересно е што од драконската мерка не се поштедени ниту ЕВ. Новата тарифа ќе важи и за електричните автомобили потешки од два тони. Оваа одлука ги налути возачите.

Теренските возила стануваат сè попопуларни во Франција, особено омилени од семејствата. Лоби групата „40 милиони автомобилисти “ покрена петиција за поддршка на слободата на возачите да користат возило кое што го сакаат. „Мораме цврсто да се спротивставиме на овие напади врз слободата што се спроведуваат под лажно зелени изговори“, рече групата. „Ако не го запреме сега, овој неоправдан бунт предводен од ултра-урбано и антиавтомобилско малцинство ќе се прошири како гангрена во другите градови.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER