Volkswagen – „Народното возило“ го штити народот

Новата генерација за безбедност за излегување од возилото ги предупредува возачите и патниците за околните учесници во сообраќајот

Пешаците и велосипедистите се најранливите учесници во сообраќајот. Со цел уште повеќе да ги заштити, VW го разви својот систем за идентификација на повисоко ниво. Невнимателното отворање на вратите на возилото претставува ризик од сообраќајни несреќи. Тој ги предупредува возачот и патниците за учесниците во сообраќајот што се приближуваат до паркираното возило одзади.

На пример, велосипедистите, кои често се најзагрозени во сообраќајот, се препознаваат во рамките на системските граници. Покрај вратите на возачот и совозачот системот ги надгледува и задните врати. Највисоко ниво на проширување на системот е применето во ID.7.

Предупредувањето за излез го скенира просторот зад возилото преку два задни радарски сензори (лево и десно во браникот) и ги известува патниците за опасноста уште пред да се потегне рачката за отворање на вратата.

Доколку има велосипедист или пешак во периметарот, LED светло автоматски сигнализира во надворешниот ретровизор како прво ниво на предупредување. Ако се активира еден од отворачите на вратите, таа ќе биде спречена да се отвори за кратко време. Ако вратата е сè уште отворена, се огласува предупредувачки звучен сигнал преку звучникот вграден во адекватната врата. Овој систем е во дел од стандардната опременост на ID.7, Passat и Tiguan, додека дел од  опционалната опременост е достапна кај Golf, ID.4 и ID.5.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER