AMG ги враќа V8 машините (видео)

Големината е битна

Откако лани ги замени со 4-цилиндрични агрегати, Mercedes сака повторно да ги врати V8 машините во AMG верзиите на C и E класата

Кога лани есента се појави Mercedes-AMG C 63 S E Performance, на прв поглед можеше да се заклучи дека ништо не му фали – има моќни 680 KS и до 100 km/h забрзува за само 3,4 секунди. Но читајќи му ги спецификациите ентузијазмот спласнува уште на почетокот – плаг-ин хибридот има мотор со два литри работна зафатнина. Иако тој агрегат и без електричната поддршка е технолошки бисер – располага со дури 476 коњи, сепак неговите 4 цилиндри се чинат непримерни за топ модел со беџот на AMG чија чистокрвност и покрај цената од 115 илјади евра беше нарушена.

Сега, пред истата судбина да го снајде сé уште непретставениот Е 63 S E Performance, од Mercedes срамежливо пристигнуваат вести дека V8 агрегатот во својата четирилитарска форма (кој со 639 односно 843 коњи во плаг-ин изданието е присутен во AMG GT) се враќа во лимузините од Афалтербах. Наводно се работи за прилагодување на Еуро 7 нормите, но јасно е дека иако комплексниот  хибриден систем на четирицилиндричниот AMG има сила колку сакате, на потенцијалните купувачи сепак нешто им фали…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER