Штутгардската ѕвезда сака да се приспособи на кинескиот пазар. Ја губи битката со домашните марки
Европските марки ја губат битката со кинеските кога се во прашање електричните возила. Ниту долгата традиција, ниту конотацијата како премиум возила не помагаат да се пласираат меѓу најдобро продаваните марки на тамошниот пазар. Не треба да зачудува што една од најизвиканите марки во светот, Mercedes-Benz најави дека Кина ќе биде апсолутно во центарот на следниот бран на електрични возила што се во подготовка. Планирана е за 2025 година со новата е-архитектура.
Mercedes-Benz ги дотерува моделите планирани за Кина врз основа на претстојната платформа MB.EA за да тие подобро ги задоволуваат потребите на кинеските купувачи, особено во однос на просторот и дигиталната содржина. Според стратегијата на Mercedes-Benz претставена во 2021 година, сите нови автомобили ќе бидат само електрични возила од 2025 година. Германските производители на автомобили генерално заостануваат на брзорастечкиот пазар на нови EV во Кина. Во периодот јануари-јуни 2023 година, BYD продаде 1.154.573 EV, вклучувајќи електрични возила со батерии (BEV) и plug-in хибриди (PHEV), што е му обезбеди лидерска позиција. Tesla беше втор со 294.105 единици, а Nio го зазеде десеттото место со 54.561 склучени договори за продажба. Mercedes-Benz, BMW и Audi не успеаа да се пласираат меѓу најпродаваните десет марки. Тој факт многу ги фрустрира западните марки, особено Mercedes-Benz, чија ѕвезда темнее на источното небо.


