Toyota Alphard и Vellfire (видео)

Како Јапонците гледаат на моноволуменците

Додека во Европа исчезнуваат од продажните салови, моноволуменците во Јапонија остануваат високо ценети од страна на купувачите

Toyota ги претстави новите генерации на моноволуменските близнаци Alphard и Vellfire, кои се изведени од механички сродниот Lexus LM. Разликите меѓу овие модели се во нивното пазарно позиционирање – Alphard е покласичен додека Vellfire настапува како негова подинамична и полуксузна варијанта. Во согласност со тоа е и нивниот изглед кој сега е понадмен и стилски нагласен со донекаде нападни украсни детали.

Во раскошната внатрешност дизајнирана да пружи како велат Јапонците радост во удобноста на возењето, има место за три реда седишта. Преовладуваат луксузните и модерни технички карактеристики, но се среќаваат и такви нешта како што е свртливото седиште во вториот ред кое го олеснува излегувањето и влегувањето на лицата со ограничена подвижност. Плус на тоа од двете страни на возилата се монтирани универзални скалила кои автоматски се вовлекуваат.

Платформа оптимизирана за употреба во моноволуменците има намалени вибрации, а големо внимание е посветено на бучавата од коловозот и ветрот. Основната верзија на Alphard е опремена со 2,5 литарски бензинец со 182 коњски сили, додека Vellfire доби 2,4 литарски турбо со 279 коњи. Погонски можат да бидат предните или сите четири тркала на кои силата се пренесува преку безстепен вариоматски или осумстепен автоматски менувач. И двата модела ќе бидат достапни со хибриден систем со еден или два електромотора со комбинирани 250 коњски сили, а во иднина ќе биде додадена и плаг-ин опција.

Планирано е месечно да се продаваат по 8.500 возила од кои две третини Alphard а една Vellfire, по цени кои ќе стартуваат од 35 односно 42 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER