Volvo – Забрзано работи на електричните седани S60 и S90

Лимузините не се заборавени

Електричната ера кај швеѓаните не е фокусирана само на кросовери. Во неа има место и за седаните!

Многу производители на возила ги изземаа од понудата седаните фокусирајќи се на, засега, популарните спортско-корисни возила. Забрзаната електрификација налага поинаков пристап во конструирањето на возилата од повеќе фактори.

Се покажува дека робусните каросерии, по што се одликуваат кросоверите, се тешки и имаат забележително поголем отпор на воздухот што придонесува на нивната намалена енергетска ефикасност. Volvo е компанија со докажана прагматичност.

Покрај неодамна претставеното големо електрично спортско-корисно возило ЕХ90, потврден е и таков помал модел ЕХ30, додека следуваат електричните изведби на  XC40 и XC60. Не е тајна дека Швеѓаните забрзано работат на развој на лимузините S60 и S90 кои ќе ја прошират понудата на БЕВ а се базирани на платформата на Zeekr 009 која во рамките на групацијата е наречена SPA2 архитектура.

Останатите модели што треба да се појават ќе ја користат модуларната SEA (Sustainable Experience Architecture) платформа на Geely. Во портфолиото на Volvo една од главните улоги играа караваните, кароссерии за кои вратата на развојните центри не е затворена. Нивното враќање на сцената лани го најави тогашниот главен извршен директор Хакан Самуелсон потсетувајќи дека на Volvo му се потребни модели со пониска силуета и конвенционален облик на каросеријата но со позаоблена форма за подобра аеродинамика.

На двата седани и караванот веќе се работи во рајзвојниот и истражувачки центар  во Шангај што е и логично бидејќи седаните и караваните уживаат голема популарност на азиските пазари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER