Одделот на Citroen со премиум предзнак ја открива својата електрична иднина

објавено 09. февруари 2022

Распределувањето на улогите во групацијата Stellantis е завршено а на DS му е наложено до 2025 година да нуди само електрични модели. За таа цел мобилизирани се сите капацитети, пред сé дизајнерските и инженерските, за да се покаже смерот во кој ќе се движи електрификацијата.

Судејќи според прикажаниот прототип E-Tense Performance може да очекуваме пријатни изненадувања. Техничките карактеристики се развиени од одделот за спорт додека ултра модерната каросерија изработена од јаглеродни влакна е дело на дизајнерскиот центар. Уникатното купе го движат два електро-мотори со вкупно 600 kW (815 КС), технологија што доаѓа од Формула Е.

Со неа возилото со погон на сите тркала забрзува од нула до 100 км/ч за две секунди. Останува да се види дали и колку од тоа на крајот ќе остане во евентуалното сериско возило. Цел на овој проект е да се вклучи искуството и знаењето стекнато во Формула Е во електричен автомобил со високи перформанси. Ова е истражувачки проект во кого се анализира однесувањето на компонентите и се развиваат од аспект на идното производство.

Исто така, се работи за изнаоѓање решенија за намалување на трошоците, за полесно производство и имплементацијата на компонентите во идните модели. Следните генерации E-Tense изведби ќе се базираат на технологијата што ќе ја обезбедува DS Performance, спортското одделение на францускиот аристократ.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER