Нова дефиниција за тешки задачи

Оптимизиран профил подржан со арамидска обвивка

Најновиот производ на финскиот Nokian е посветен на тешки услови на работа. Автоматски, тоа значи дека е наменет за теренци, спортско-корисни и лесни товарни возила. Outpost AT ги содржи сите атрибути неопходни за удобност на асфалтот, но и да се задоволат високите стандарди на возачите определени за теренско возење.  Самиот профил е конструиран да стави под контрола повеќе фактори како доброто припојување на асфалтот, цврст контакт на теренот, издржливоста и смалената бучава. За тоа најмногу придонесува архитектурата на нагазната површина која претставува мрежа на гребени чија поставеност лесно ја исфрла водата, песокот и калта. Наречен Dual X Canyon ваквиот профил суверено се однесува на терен давајќи зголемен контакт особено на мека површина. На снежни подлоги дополнително помагаат ламелите кои не дозволуваат налепување на снег или кал. Новите пневматици се за целогодишна употреба и сертифицирани се и како зимски. Цврстината ја гарантира Арамидската обвивка која покрај отпорноста на повеќето влијанија на теренот придонесува за еластичните својства на целиот профил. Според увозникот за програмата Nokian за Македонија Мотоцентар, новите пневматици Outpost AТ во дистрибутивната мрежа ќе се појават на пролет. За повеќе информации посетете ја нивната страница www.motocentar.com.mk

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER