Семејството ID расте

Од Кина трга во освојување на светот?

објавено 9. февруари 2021

Volkswagen во Кина најави дека ќе го лансира новиот член на електричната флота ID 6. Станува збор за многунаменско возило со изглед на кросовер технолошки поврзан со ID 4. Пет врати и седум седишта, кабината долга 4,88 метри се одликува со дарежлив простор и одреден стилски раскош. Фаровите и предната маска на автомобилот имаат јасен визуелен печат формирајќи робусен изглед додека контурата е моделирана смело. Добро познатиот електричен погон со 150 kW (204 КС) задолжен е за движењето. Модуларниот систем на подвозјето дозволува понатамошен развој на комбинации. За европскиот пазар засега нема конкретен план но тоа набргу ќе се смени. ID 4 GTX со 225 kW (306 КС) и погон на сите тркала има приоритет на Стариот континент а, згора на тоа, претстои лансирање на ID 5 кој е дериват на ID 4 во купе форма.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER