Поевтинување од 0,13%
Поради намалувањето на цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари
објавено 01. февруари 2021
Со одлуката што ја донесе РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,13%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлукатаза утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените дериватии горива за транспорт од 25.01.2021година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денар/литар и сега изнесува 41,00 ден/лит, што всушност во просек ја намали цената на нафтените деривати.


