Stonic GT Line – достапен во Kia Motors Macedonia

Штедлив убавец

Обновениот Stonic во GT изведба има силни адути

објавено 01. февруари 2021

По темелното обновување на гамата KIA го шири асортиманот на изведби. Stonic е модел што го краси атрактивен изглед. Сега  во изведбата GT има многу дизајнерски цитати инспирирани од спортот. Поставен на 17 инчни тркала и благата издигнатост од тлото запазен е кросоверскиот изглед. Модните детаљи вклучуваат целосни LED светла и преуредена внатрешност. Седиштата се со зајакнати страници во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело, голем 8 инчен инфо-забавен систем со екран на допир што им овозможува на корисниците да поврзат два мобилни уреди истовремено – еден за употреба на телефон додека другиот за навигација. Новост е безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.

Моделот достапен во салонот на Kia Motors Macedonia, e опремен со 1.0 литарскиот T-GDi агрегат кој развива 100 коњски сили и 172 Nm при 1500-4000 вртежи, а менувачот е 7 степен DCT автоматски. Изложениот Stonic во GT Line ниво на опрема во комбинација со автоматскиот менувач и двобојната каросерија чини 21.200 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER