Подготвени за новата сезона
Porsche 99X Electric
објавено 09 декември 2020
Учеството во светскиот шампионат на електрични формули е во потполност подготвено. По тестирањата направени на патеката во Валенсија TAG Heuer Porsche Formula E Team ги потврди издржливоста на своите болиди за првиот настап во годинешниот шампионат кој ќе се одржи на 16. и 17. јануари 2021. Porsche 99X Electric е компетитивен и очекувањата се високи иако воздржаноста во изјавите на тимот укажуваат на одредена резерва. Патеката во Сантијаго де Чиле е првата на списокот во календарот за 2021 година. Подготовките за претстојната сезона започнаа со финалето на овогодишната на берлинскиот пензиониран аеродром Темпелхоф. Атмосферата во тимот е одлична, секој член е способен да даде максимум од себе, возилот е подготвено, па со високо ниво на самодоверба се гледа на претстојната сезона. Неполн месец не дели од стартот на новиот циклус трки во Formula E, дисциплина во која се присутни најзначајните играчи на полето на електрификацијата. Тогаш тимовите ќе ги отворат картите и ќе се одмерат првите можности. Сепак сезоната може да се одолжи поради пандемијата.



