Cupra – сопствен полнач

Само за возачите на  Leon 1.4 e-Hybrid

Ѕиден полнач во три верзии

објавено 4 ноември 2020

Ново формираниот премиум бренд на ЅЕАТ за Cupra Leon 1.4 e-Hybrid веќе им нуди на возачите ѕидно сандаче за полнење на батеријата. ”Cupra Charger” овозможува побрзо полнење до единаесет kW. Ова значи дека празната батерија може целосно да се наполни за помалку од четири часа. Полначот Cupra е достапен во три верзии, a oсновната ќе биде достапна до крајот на годината по цена од 389 евра. Во следната повисока верзија „Connect“, ѕидното сандаче е мрежно. Статусот на полнење на батеријата, преостанатото време на полнење и други податоци може дури и да се пребаруваат преку апликација и, доколку е потребно, може да се изврши далечинско одржување или ажурирање на софтверот. Верзијата „Pro“ исто така вклучува и мерач на електрична енергија, за да се поедностави наплатата кога се користат неколку возила. Оваа карактерстика е поволна и за полнење на компаниски автомобили бидејќи мерачот му овозможува на работодавачот прецизно да исплатува за направените трошоци за електрична енергија. Полначот Cupra, вклучувајќи инсталација, може да го резервираат специјално овластени компании преку веб-продавница по фиксна цена. Ова вклучува прелиминарна проверка со клиентот и задолжителна регистрација кај операторот на мрежата. Од 24-ти ноември, Германската влада ќе поддржи секое инсталирање на мрежно ѕидно сандаче со 900 евра. Апликацијата за субвнции мора да се изврши пред да се инсталира ѕидниот полнач.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER