Два часа бесплатно паркирање во општина Центар
Сите што ќе ја преземат новата апликација на ПОЦ ќе добијат два часа бесплатно паркирање
Објавено на 3 јуни 2020 година
Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар разви нова апликација за своите услуги за мобилните телефони, со чие преземање секој добива часа бесплатно паркирање, а жителите на општината 30 бесплатни часа во гостинскиот пакет на М-картата. Новата верзија на апликацијата нуди безбедна активна геолокација за прецизна одредба на паркинг зоната, електронско плаќање, склучување и продолжување договор за резиденти и нерезиденти, најавување на гостински регистрации преку М-картата, месечен и други типови на билети, како и многу други поволности. Апликацијата е дизајнирана според најновите светски технолошки трендови со цел да се подобриме достапноста и да им се овозможи на корисниците брзо, лесно и едноставно користење на услугите и на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието. Отсега граѓаните ќе можат безбедно да плаќаат паркинг со платежна картичка и притоа да заштедат 5 денари за трошоците за праќање СМС порака бидејќи апликацијата користи активна геолокација која овозможува прецизна одредба на паркинг зоната во која се наоѓаат. Апликацијата која е достапна на App Store и Google Play исто така овозможува пријавување на комунални проблеми на територија на општината со едноставно испраќање фотографија.


