Тажната слика на британската автомобилска империја
Во Велика Британија во април се произведени 197, а продадени 4.321 автомобил
Објавено на 2 јуни 2020 година
На Британците им требаше цел месец да ги сумираат резултатите од производството и продажбата на автомобили – очигледно никој не верувал во бројките што ги гледаат па тие се проверувале којзнае колку пати. А тие велат дека Во Велика Британија во април се произведени 197, а продадени 4.321 автомобил. Истиот период лани британската автомобилска империја има произведено 70.971 возило, а продадени се 161.064. Каква е ситуацијата најдобро покажуваат овие фотографии направени на еден воен аеродром кој сега е претворен во огромен паркинг. Се проценува дека вредноста на илјадниците возила стојат таму е околу 35 милиони фунти. Инаку, во април во Велика Британија најдобро продава автомобил е Tesla Model 3 со 658 примероци, а на второто место е Jaguar I-Pace со 367 продадени возила.



