Италијанците започнаа да се будат од корона-сонот (со видео)

Италијанците започнаа да се будат од корона-сонот

Alfa Romeo ги претстави исполираните Giulia и Stelvio Quadrifoglio

Објавено на 8 мај 2020 година

Дојде време Италијанците да започнат да се будат од корона-сонот, што Alfa Romeo го стори на највозбудливиот начин претставувајќи ги исполираните Giulia и Stelvio Quadrifoglio. Двата најсилни адути на марката сега доаѓаат во благо обновени изданија, кои и понатаму ќе предизвикуваат ерупции адреналин со својот 2,9 литарски V6 со 510 коњски сили. Тој немаше потреба да се менува, за разлика од внатрешноста која доби обновена дигитална инструмент табла и централна конзола. И опремата е збогатена посебно кај системите за асистенција на возачот, а врв на сé е титаниумскиот издувен систем од Akrapovič. Тој со својот звук без дискусија ќе предизвика секого да се сврти по овие два нови модела на Alfa, притоа забележувајќи дека и изгледот во некои детали им е обновен. Пред сé ЛЕД светлата, посебно дизајнираните 21-инчни тркала и новата колекција бои за каросеријата. Нови се и цените, кои пораснаа и над 90 илјади евра за Giulia односно 100 илјади за Stelvio Quadrifoglio.

Видео

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER