Суперавтомобил за целото семејство
Ако некој треба да жали што салонот во Женева е откажан, тогаш тоа се Швеѓаните од Koenigsegg
Објавено на 5 март 2020 година
Женева годинава не можеше да ги угости иновативните компании од светот на автомобилите на кои им служеше како расадник на идеи. Меѓу нив е и шведскиот Koenigsegg кој навистина треба да жали што салонот е откажан. Треба да жали и публиката која остана ускратена да го види нивниот најнов проект, семејниот суперавтомобил Gemera. Овој GT турер има 4 седишта на кои можат да се сместат патници со височина од 2 метри, големи врати кои се отвораат нанагоре и 1.700 коњски сили. Ги добива од хибриден погон составен од – верувале или не – дволитарски трицилиндричен мотор спарен со три електромотори. Силата се пренесува на сите четири тркала и го забрзува до 100 километри на час за 1,9 секунди. Во план е да се произведат 300 примероци, чија цена ќе биде околу милион долари.
Ова е видеото од нивната виртуелна прес конференција снимено на самото место, на штандот на марката во Женева.
Видео


