Seat el-Born :: Нов модел кој ќе ја препороди марката

Нов модел кој ќе ја препороди марката

Seat го претстави својот прв електричен модел за кој плановите далеку досегаат

Објавено на 4 март 2019 година

Иако очекуван, првиот електричен модел на Seat со ознака el-Born малку изненади со својот изглед. Ја има истата платформа како својот роднина од Волфсбург и со едно полнење на батериите може да помине околу 550 километри. Малку е повисок од него и благо кокетира со кросоверските трендови. Доста работи за него сé уште не се јасни, но нема дискусија дека ќе ја промени пазарната позиционираност на марката. Но не само неа – тој ќе има задача и да ја препороди марката, за која уште сега веруваме дека ќе биде исполнета во целост. Причини за тоа има повеќе, но да започнеме по ред.

Концептот el-Born кој го има добиено името според еден дел на Барселона е претпродукциска верзија на првиот електричен модел на марката. Тој во голема мерка се базира на Volkswagen-овиот хечбек I.D. кој до крајот на годинава ќе влезе во сериско производство, а на пазарот ќе се појави на почетокот на 2020-тата. Кратко после него ќе следи и самиот el-Born, кој во основа е блага полу-моноволуменска верзија на својот братучед. Предниот крај некако потсетува на Tesla Model 3, поединечни елементи јасно укажуваат на блиската врска со споменатиот Volkswagen I.D., но каросеријата со пет врати и компактни димензии сепак зрачи со брендовската декларираност. Благодарејќи на електричниот погонски склоп таа нуди голем простор во внатрешноста, која не е толку футуристички решена како кај I.D. За разлика од него делува пореалистично и повеќе подготвено за сериско производство. Во кокпитот доминираат повеќенаменскиот управувач, помалата дигитална инструмент табла и поголемиот централен екран на инфозабавниот систем кој е благо свртен кон возачот. Се забележуваат и помалиот број на прекинувачи и отсуството на конвенционалниот централен гребен кој е заменет со поголем простор за одложување. Класична рачка на менувачот нема, а прекинувачите за трансмисијата се сместени од десната страна зад управувачот и чинат дел од рамката на инструмент-таблата.

Што се однесува до техничките карактеристики, бидејќи el-Born ќе се темели на MEB платформата значи дека ќе има назад сместен електромотор со моќност од околу 170 KS. Батериите со капацитет од 111 kWh ќе бидат сместени во подот и ќе му овозможат автономија до 550 km. Покрај ова, се споменува дека el-Born ќе биде на располагање во неколку изведби на погонскиот склоп, со различно моќни мотори и батерии и со соодветно на тоа различна цена.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER