Трет ден хаос во Скопје » Кој прв ќе попушти?!

Кој прв ќе попушти?!

Објавено на 15 јануари 2020 година

И денес повторно сообраќаен хаос во Скопје заради истата причина како и претходните два – протестите заради за 20 денари по час зголемените цени за паркирање на јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар. Така една одлука на советниците на општината која имаше цел да стави поголем ред во паркирањето за жителите на оваа општина, доведе до предизвикување неред и колапс на сообраќајот во кој сите страдаат – најмногу оние кои не живеат во централното градско но мора да поминат низ него за да стигнат до своите работни места или таму каде наумиле. И двете страни имаат аргументи кои во овој момент се спротивставени – едните велат дека оваа одлука е себична и им ја скратува и онака скромната заработувачка, а другите пак дека истите тие што протестираат се една од причините за зголемувањето на цените. Конкретно, во својата реакција ПОЦ вели дека затвореното паркиралиште Аутомакедонија кое се наоѓа во непосредна близина на зелениот пазар со години наназад е преоптоварено и злоупотребувано од луѓето кои работат таму. Во изминатиов период се воведени неколку мерки за решавање на овој проблем – поставен е нов систем за препознавање на регистарски таблички, систем со двојни рампи за контрола на пристап на возила и како последна мерка, се зголемени цените за паркирање за да им овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните домови. Со поставувањето на АНПР камерите ЈП Паркинзи на општина центар има многу поголема контрола на злоупотребите кои се вршат на ова паркиралиште. Имено, пазарџиите кои редовно секоја година добиваа повластена паркинг карта за вработени во деловен субјект и картичка за влез за нивните автомобили, тие истите ги користеа за тешки товарни возила за кои ЈП ПОЦ, согласно одлуката на општина Центар каде што е дозволено товарните возила да вршат дотур на роба до 07:00 часот, веќе им овозможи бесплатен дотур на роба од 05:00 до 07:00 часот на ова паркиралиште. Затоа, ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе ги раскине договорите за паркинг на сите оние кои ќе вршат ваков тип на злоупотреба.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER