Основачот на Nikola Corp., Тревор Милтон, доби пресуда бидејќи ги лажел акционерите за напредокот на производителот на електрични камиони
Банкротот на стартап компанијата Nikola добива судска разврска. Оценувана како голема надеж за електрификацијата во полето на тешкиот транспорт, оваа компанија дури потпиша договор со IVECO за заедничко производство на електрични влекачи во Улм од каде требаше да се шири во Европа. По кратко време договорот се растури, а IVECO продолжи самостојно. Пред неколку месеци Nikola објави банкрот и покрај примените неколку илјади нарачки за своите камиони.
Причината за затворањето се префрли на банкротирањето на главниот добавувач за компоненти неопходни за производство на теглачот. Сепак, во САД, каде е формирана Nikola Corporation, дојде до судење. Поротата оснивачот на компанијата Тревор Милтон го прогласи за виновен по обвинувањата дека направил измама со хартии од вредност и измама со погрешно прикажување на клучните детали за развојот на производите и технологијата. Воедно, тој беше обвинет за погрешно прикажување преку социјалните мрежи преку кои натерал многу луѓе да му веруваат.
Милтон беше во солзи додека побара од судијата да го осуди само на условна казна. Тој рече дека немал намера да ги доведе во заблуда инвеститорите и направил грешки поради недостаток на искуство. Милтон ги привлече инвеститорите желни да ја пронајдат следната Tesla откако компанијата дебитираше на берзата. Извесно време, Nikola Corp. имаше повисока пазарна капитализација од Ford Motor Co., што резултираше со нето вредност од 4 милијарди долари.
Во одбраната не му помогна ниту фактот дека Милтон се повлече од функцијата извршен претседател во септември 2020 година. Неговите проблеми започнаа три месеци по неговото повлекување кога компанијата Hindenberg Research објави извештај во кој ја обвини Nikola Corp. за измама и лажирање на технологијата што била во нејзина сопственост. Тревор Милтон заработи пријава од федералните обвинители.Поради тоа акциите на Nikola Corp. паднаа од 80 УСД па се до под еден долар до денеска. Милтон најверојатно ќе поднесе жалба на оваа пресуда.


