Се отвораат фабриките за автомобили во Европа

Се отвораат фабриките за автомобили во Европа

Меѓу првите што ќе започнат да работат ќе бидат погоните на Hyundai, Renault и Audi

Објавено на 17 април 2020 година

Веќе со самите најави за олабавување на строгите изолациски правила заради заштита од ширењето на коронавирусот, производителите на возила започнаа со активности за рестартирање на своите погони во повеќе европски земји. Намалената побарувачка, проблемите со синџирот на снабдување и секако потребата за заштита на работниците наложуваат дека условите во кои повторно ќе се започне со производство ќе бидат суштински различни од оние пред месец и нешто, кога тоа беше прекинато. Најбрзо се реорганизираа Hyundai, Renault и Audi, чии погони во Чешка, Португалија и Унгарија веќе започнаа со работа, со намален капацитет се разбира. Наредната недела се очекува да стартуваат и фабриките на Dacia во Романија, Volvo во Шведска и Toyota во Франција и Полска, а на почетокот на мај и во Велика Британија, Турција и Чешка. Со работа започна и Magna Steyr во Австрија, а Ferrari како подготовка за рестартирањето на производството започна да си тестира сите вработени.

Сепак, не брзаат сите со повторното враќање на работниците во погоните. Jaguar Land Rover најави дека неговите фабрики во Словачка и Велика Британија и понатаму ќе останат затворени, а Ford во САД ги одложи за понатаму своите планови. Освен намалената побарувачка, главната причина за тоа се гледа во недостатокот на средства заради што и покрај државната помош што ја добиваат, скоро сите дополнително се задолжија кај банките.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER