Верно на оригиналот
Легендарниот 911 ќе остане последен модел на Porsche со бензински мотор
Сега секоја вест за секој производител на возила се однесува за електричната иднина. Така е и за Porsche кој има за цел до крајот на деценијата 80 отсто од продажбата да бидат електрични модели. Но меѓу нив нема да биде 911 – тој ќе остане последен со бензински мотор. Точниот распоред што кога ќе се случи не е познат, но по сé изгледа ерата на моторите со внатрешно согорување на Porsche нема да заврши. Можеби токму заради 911 Германците толку инсистираа возилата чии мотори користат синтетички горива да бидат исклучени од забраната за производство после 2035-тата. Сепак стратегијата на Porsche е јасна – се преминува на електричната мобилност, а 911 ќе се произведува што е можно подолго со мотор со внатрешно согорување. Тоа не значи дека еден ден и тој нема да стане електричен, но како најважен модел за имиџот на марката ќе ја задржи верноста на оригиналот прв пат претставен 1964-тата.


