Македонска Премиера – Toyota C-HR

Новата генерација на атрактивниот C-HR блесна во Тојота Авто Центар

Авангардниот дизајн со драматично радикални стилски решенија е пристапот со кого се проби C-HR. Втората генерација ја карактеризира храбриот дизајн кој полека се прелева и кај останатите модели на Toyota.

Овој модел претставува олицетворение на модерната ориентација на марката. Во него се имплементирани вредностите кои денешните купувачи ги ценат кај автомобилите, напредни технологии и електрифицирани погонски склопови. Димензиите на C-HR останаа скоро непроменети, но пропорциите дополнително се нагласени со двобојната каросерија, мускулестите крила и тркалата чија големина оди и до 20 инчи.

Рачките се скриени во вратите а внатрешноста е без одвишни детали, со дигитална инструмент табла, џојстик место рачка за менувачот и амбиентално осветлување во 64 бои. Назад заради панорамскиот покрив има повеќе простор за главите на патниците, а материјалите се значително подобри отколку кај претходната генерација.

Сите изведби на C-HR го имаат најновиот пакет активни безбедносни функции на Toyota.  Погонскиот асортиман е составен од бензинците со зафатнина од 1,8 и два литри. Тие се впарени со препознатливиот за Toyota самонапојувачки хибрид и развиваат 140 и 198 КС, од кои посилниот има верзија со електричен погон на сите тркала.

Асортиманот на погонот го проширува изведбата со приклучен хибрид впарен со дволитрениот мотор испорачувајќи 223 коњски сили. Батеријата со капацитет од 13,8 киловат-часа овозможува поминување до 66 еколошки километри. Подобрувањата носат и поскапувања па во некои изведби цената на C-HR ја надминува онаа на RAV4.

Во зависност на опременоста и моторизацијата цените се движат од 33.990 евра за најевтината варијанта Cult. Оние што претендираат погон на сите тркала ќе треба да издвојат од 47.770 евра а најскапата изведба чини 56.690 евра и опремена е со приклучен хибрид.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER