Поевтино е во евра!
Интересна приказна стигнува од Хрватска – со воведувањето на еврото како официјална валута што ќе се случи на нова година, казните за сообраќајни прекршоци во Хрватска поевтинуваат. Имено, со измените на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во него е вградена формула според која висината на казните се конвертира од куни во евра. Така, додека официјалниот курс е 7,5 куни за едно евро, за прекршоците за кои е пропишана казна од 300 куни ќе се наплаќаат 30 евра, што пресметано е само 225 куни. Понатаму, оние од 500 куни ќе чинат 60 евра односно 450 куни, 700 куни станува 90 евра (675 куни) и така натаму сé до највисоките казни од 30.000 куни кои од нова година се претвораат во 3.980 евра, односно 29.850 куни. Значи, колку е поголема казната, толку помала ќе биде и „заштедата“.