Интервју – Denis le Vot, CEO Dacia

Ние мислиме дека иднината останува на клипните мотори!

Со доаѓањето на Денис ле Вот на чело на романската подружница на Renault, Dacia бележи одлични резултати и зголемување на продажбата. Со него разговаравме за условите на светскиот пазар, предизвиците пред кои е автомобилската индустрија и за иднината на компанијата…

АБ: Денис, ви благодариме на одвоеното време. Ве молам, пред да ја започнеме сесијата на поставување прашање, дајте ни ваше видување за состојбите во автомобилската индустрија, особено во групацијата Renault и положбата на Dacia…

Денис: Веќе знаете што правиме затоа ќе повториме во кратки црти. Кога ја создадовме “Ренолуцијата” со Лука де Мео, ја променивме организацијата на компанијата. Порано Renault  беше голем, а Dacia беше мала. Renault припаѓаше на сегментот Б пред 5 години со Clio и Capture, а Dacia беше помалиот брат. Решивме да го промениме тоа, брендот Renault да премине кон сегментот Ц, со електрични модели и ги имаме Austral и Megane e-tech. Значи немаме никакви ограничувања за Dacia. Сами ќе ги одредиме границите. И си рековме, ако може сами да ги поставуваме границите, границите се платформата, може да играме на големо, може да одиме на сегментот Ц со Bigster. Во 2025 г. ќе излезе Вigster. Сега сме на крстопат зашто со цел да бидеме релевантни со понудата на Вigster моравме да покажеме дека може да создадеме атрактивен дизајн, дека може да имаме бренд што ќе им се допадне, не само на клиентите на сегментот Б, туку и на клиентите на сегментот Ц во Германија, во Англија,  каде било. Затоа, како што веќе рековме, решивме да ја смениме бојата на брендот, да го смениме логото, начинот на кој ќе се презентираме, боите и сл. Следната недела во Романија и во Мароко ќе влезе во производство со новото лого за да се појави на патиштата во ноември или декември. Ќе почнете да ги гледате на улиците многу наскоро. Во исто време, денес се случува една друга работа што не ја очекувавме. Мислевме дека ќе расте обемот и бројот на клиенти. Но сите нé стаса инфлацијата на суровиот материјал, горивото, струјата, алуминиумот, челикот, на сѐ. Поради тоа цената на автомобилите секој ден расте. Значи, трошоците растат. Тоа носи на некој начин, како и што очекувавме, сé поголем број на клиенти кои ја избираат Dacia. Сведоци сте дека во западна Европа пазарот падна за 13,5% во 2022 г., а Dacia порасна за 10%. Речиси ниту еден друг бренд не се наоѓа во таква состојба. Тоа е несекојдневно. Сé уште имаме многу клиенти кои сакаат да го купат најевтиното возило, но имаме и многу богати клиенти кои решаваат да не фрлаат многу пари на автомобил и ќе купат Dacia. Многу клиенти од повисоките сегменти, односно појаките брендови, го избираат ова што го нудиме. Не се променивме ние, туку пазарот се менува. Тоа е масивно. Имаме големо портфолио, ни доаѓаат многу нови клиенти и тие обично ја купуваат нашата топ опрема зашто имаат многу пари. Кога видоа што нудиме, на крајот од денот ќе речеа: “За таа цена ќе земам полна опрема”. Сега сме на 80% со Jogger-от, 75% со Sandero Stepway, 60% со Duster, тие се на највисокото ниво.

Се случува промена. Повеќето од вас кои бевте на Манифесто минатата недела видовте дека во исто време имаме ниски трошоци, најдобар квалитет за цената во сегментот. Одлично ни оди. Патем, долу го имате манифестот каде што се објаснува во кој правец сакаме да одиме со брендот, како прво. А второ, го презентираме, иако нема многу што да се види, првиот Jogger HEV што ќе пристигне на почетокот на следната година. Тоа е технологија е-tech што ја зедовме од Renault. Јogger ќе има 140 кс и автоматски менувач.  Нашите HEV имаат директна електрика, почнуваат 100% со електричен погон. Овој автомобил нема куплунг, автоматик е. Откако ќе се стартува, се вклучува моторот на внатрешно согорување. Тоа е уникатна технологија со директна трансмисија без куплунг. Многу е едноставна, доверлива и поевтина од конкуренцијата. Ќе продолжиме со работа на дизајнот за да биде поатрактивен за новите клиенти. Уште сме на почетокот. Ги видовите новите бои. Изложивме и Duster со мат боја, што мислевме дека ќе биде духовито. Само пред неколку години само Германците го правеа тоа со спортските автомобили. Ете презентираме Duster со мат боја и црни тркала… сериозно, не е шега. На луѓето им се допаѓа и сериозно сакаат таков автомобил во своите изложбени салони. Значи се наоѓаме на крстопат од нашето прво поглавје на “Ренолушн”. Имате ли прашања?

АБ: Ако имате конкуренција од горните сегменти, би требало да ја видиме најдобрата опрема на Dacia. Ќе има ли верзии со повеќе опрема која не ја нудите во моментот?

Денис: Не сум сигурен. Еве каде е стапицата. Ако клиентите го напуштат сегментот зашто нуди скапи модели, и дојдат во мојот простор и почнам да им го нудам истото од поскапиот сегмент, ќе ја достигнам истата цена. Ме разбирате? Сакаме да останеме верни на себе. Секако, имаме верзии а,б,ц,д, каде што нудиме различна опрема. Dacia е гаранција за групацијата зашто таа  се движи исто како пазарот поради кризната состојба.

А во криза Dacia се движи по нагорна линија. Ако преминувањето на електричен погон се успори, Dacia е овде, ако преминувањето на електричен погон забрза, одлично, Renault ќе успее.  Мора да останеме каде што сме. Нема да бидеме проактиви со постојано нудење на нови елементи. Нови елементи ќе има кога ќе преминеме во повисок сегмент. Кога се работи за Bigster, може да прашате дали има “бзз-бзз” копче. Ние треба да убедиме, да речеме, еден германски доктор да го остави својот германски кросовер од Ц сегментот и да го убедиме дека нашата понуда е сериозна. Минималните очекувања од тој сегмент не се исти како од Ѕandero сегментот. Sandero е поскромен, а некои елементи се задолжителни во повисоките сегменти. Дефиницијата за тоа што е основна опрема варира со време, не се исти пред 15 г. и нема да бидат исти по 15 г., но варираат според тоа која ви е целната група.

АБ: Каков е вашиот став за безбедносната опрема. Таа е многу лимитирана во вашите возила. Знаеме дека се водите според побарувачката, а вашите клиентите не бараат безбедносен систем. Зар не сметате дека сте обврзани да воведете безбедносен систем?

Денис: Обврзани сме. Ќе кажам неколку работи. Прво, имаме  пристојно ниво на безбедносна опрема како воздушно перниче, систем за итно кочење и сл. Го имаме тоа во возилото. Нам ни е битна пасивната безбедност.  За активна безбедност правиме избори. Автомобилите стануваат многу скапи. Автомобилите чинат 20, 25, 30 илјади во зависност од големината. Електричните чинат 35 до 40 илјади.

Ќе дојде момент кога луѓето ќе се бунат зашто нема да можат веќе да си дозволат да купат автомобил. Денес луѓето се спремни да платат висока цена за возило на старо зашто е поевтино од  ново возило. Дојдени сме до лимитот на системот. Еве сведоци сме на тоа дека опцијата LKA (lane keep assist) во реалност повеќето возачи  ја исклучуваат зашто постојано ги опоменува и им пречи. Правиме избори: не ставаме електрично седиште, ставаме ЛПГ(течен гас), спецификациите се на минимално ниво што овозможува достапно возило. Тоа се изборите што ги правиме. Но не отстапуваме од пасивната безбедност, тука зборуваме само за активната безбедност. На тој начин сме достапни за луѓето. Може да си купат нов автомобил и ги заменуваме автомобилите стари 15 г. А знаете каква е активната безбедност кај автомобилите што се стари 15 г. Значи, не е идеално и може да кажете дека некој друг автомобил е многу подобар, но ние сме практични и битна ни е мобилноста. Водиме сметка за пасивната безбедност. Како производители на автомобили, тоа ни е работа. А за активната безбедност оставаме да се прави избор. Но ја цениме политиката на другите производители кои имаат поинакви понуди.

АБ: Сметате ли дека Euro NCAP  ја губи релевантноста зашто постојано воведува нови системи со кои возилата се поскапи, поголеми и потешки?

Денис: Не бил одговорил конкретно, ценам сé што прават. Наша работа е да земеме сé во предвид: цената на алуминиумот, цената на горивото, еуро 7 стандардот … Кога ќе земете сé заедно, и сакате да ги задоволите сите аспекти, ќе направите возило од 2,5 тони што ќе чини 80 000 евра и ќе содржи тотално сé од можната опрема. Тоа никој нема да го купи или само многу богатите. Ние сакаме да најдеме компромис што ќе овозможи да купите Ѕandero за 10 900 евра или Duster за 16 000 евра. Ако ги земете сите опции што ви ги нуди системот, ќе добиете двојно поскапо возило. Не го сакаме тоа.

АБ: Дали се знае кога ќе дојде Ѕpring во Велика Британија?

Денис: Уште не. Нема да биде во 2023 г. Работиме забрзано, ама нема да биде во 2023г. Жалам.

АБ: Пропуштив нешто за e-tech технологијата за која сега зборувавте. Дали таа доаѓа директно од Renault?

Денис: Да, секако. Направивме мали измени. Тоа е дефиницијата за Dacia. Многумина прашуваат, што можете вие, а не може конкуренцијата? Зошто сме посебни на пазарот? За да разберете што е Dacia, ќе кажам Dacia прави лесен, мал автомобил со основна опрема. Може да имате полесен мотор. Ние земаме од она што веќе постои  во групацијата. Кога Sandero излезе две по години Clio, имавме 3000 инженери кои го преработија Clio за да го направат Sandero.

Не може да извадите само два дела од автомобилот и да добиете нешто поевтино, не функционира тоа така. Ако извадите два дела, наместо 10 000 евра, возилото ќе чини 9,990 евра. Ни требаа две години да го редизајнираме од срж, и да ги земеме елементите што ни беа потребни.  Секогаш се навраќаме на веќе постоечките делови. Тоа ќе продолжиме да го правиме и со електрификцијата. Renault продолжува и го нуди најдоброто. Голем акумулатор, мал акумулатор, рециклирање на акумулатор, сѐ се развива. А на нас само останува да решиме што и кога ќе искористиме некоја од тие технологии. Да, e-tech технологијата е сосема иста како на Renault.

АБ: Како стои Ѕpring на пазарот?

Денис: Многу добро. Имаме 100 000 нарачки. Ни доаѓаат по 5000 месечно. Тоа е близу до нашиот капацитет. Поради кризата на компоненти и недоволниот број на акумулатори може да произведеме 5000 до 5500 месечно. Затоа морате да чекате 6 месеци за Ѕpring. Литиумот, суровите материјали секој ден му ја качуваат цената затоа чини скоро 20 000 евра… 19 800 евра. Тоа е исто како другите автомобили затоа е најевтин електричен автомобил на пазарот. Побарувачката е голема.

АБ: Јас би го поставил последното прашање. Кажете колку што можете. Знаеме дека 60% од механичкиот оддел за којшто се преговара ќе се продава на надворешен партнер. Како ова двоење ќе влијае на  Dacia како бренд и производител?

Денис: Не можам многу да кажам зашто преговорите се во тек. Ќе кажам што е битно. Еве како се размислува: Ние мислиме дека иднината е во ICE. Да, смешно е. За 13 години во Западна Европа, или за 50 години во светот,  можеби и повеќе. Не се знае што ќе биде во 2035 г. само ќе кажам каква е логиката зад таа идеја. Има уште многу работа на ICE и многу добро стoиме со LPG. Може да има други решенија за ICE во Европа и во светот и затоа најдобро  би било да креираме компанија што ќе има капацитет за истражување и развој  за да продолжиме со активна работа. Тоа е одговор на прашањето “зошто”. А одговорот на “што” ќе го чуете за две недели.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER