Ексклузивно – Возевме Оpel Corsa Electric

Opel ја лансираше освежената верзија на Corsa и бевме во Руселсхајм да ја возиме пред да дојде во Македонија

Opel Corsa е еден од најуспешните модели на Opel. Во своето 42 годишно постоење таа е продадена во повеќе од 14,3 милиони примероци, а воедно високо котира на европските топ листи. На домашниот, германски пазар, таа е најпродавано возило во класата, а слично стојат работите и во Велика Британија. Сакајќи да го задржи пазарниот удел Opel направи фејслифт. Промените вклучуваат свеж преден дел, ажурирана внатрешна технологија и што е најважно, нов пакет батерии од 51 kWh и поефикасен електричен мотор од 154 КС кои ветуваат дека ќе го зголемат максималниот опсег до 405 километри. Во игра останува и електричниот мотор со 136 КС и уште три верзии со мотори на согорување од кои едната ќе биде со благ хибрид. Амбалажата за сите е иста, а ние ја возевме најсилната електрична верзија.

Кругче околу Corsa

Opel Visor, новите Intellilux светла и доминантниот натпис на багажникот се најмаркантните делови на освежувањето. Предницата сега делува монолитно и лесно се идентификува со Astra и Mokka. Светлата се збогатени со дополнителни LED диоди за да се добие јасно осветлен пат. Предниот браник стана погломазен и странично доби дефлектори за воздух во форма на бумеранг. На задниот дел повторно доминира гломазен браник со идентични цитати како и на предниот. Светлосната група е помазна а по должината на вратата на багажникот се протега името на моделот. Странично на добриот впечаток допринесуваат 17 инчните тркала од лесна легура чија форма и црната боја ја прават целината комплетна.

Како изгледа внатрешноста на Corsa Electric?

Внатрешноста не претрпе круцијални промени. Забележливо е поголемото внимание посветено при финалната изработка, но задржани се грубите пластики на вратите кои на око делуваат сосема добро поради интервенциите со Алкантара. Opel направи некои добро поставени промени во кабината на Corsa Electric за да изгледа и да има подобри перформанси од претходниот автомобил. Настрана од поголемиот екран за инфозабава, најголемата промена е новиот автоматски селектор на менувачот со преклопник, кој е превземен од Astra. Радува внатрешниот тапацир кој сега и по стил ја доближи Corsa до Astra. Изоставени се седиштата AGR, но понудените одлично си ја вршат работата и делуваат по спортски. Во нив можете да добиете греење и нова функција за масажа за возачот, остварувања не така чести во сегментот. Всушност, за квалитетот на изработката може да се изразиме многу пофално во однос на претходната генерација. Новиот инфозабавен екран е добредојдено подобрување. До почетокот на 2024 година, Corsa Electric ќе се продава само со 10,0-инчен инфозабавен систем кој е поодговорен и поостар од почетниот екран од 7,0 инчи на стариот автомобил. Како бонус, стандардно добивате и безжични Apple CarPlay и Android Auto. Помалку разочарува дисплејот пред возачот кој остана мал и некако невешто вклопен. На задната клупа просторот е ист, додека во багажникот кај електричната верзија пакетот батерии откинува 42 литри од просторот сведувајќи го на 267 литри.

Дали Corsa Electric е подобра од претнодната?

Генерално да! Пред три години ја тестиравме Corsa-е и ако се споредат параметрите одговорот е афирмативен. Во првите километри станува јасно дека не еволуирало само името во Corsa Electric. Поголемиот пакет батерии од 51 kWh овозможува поголема автономија. Немавме можност да ја испразниме батеријата, но првични впечатоци сугерираат дека надградбата го зголеми досегот на Corsa во реалност за околу 40 километри. Сега таа може да помине 405 км меѓу две полнења. Тоа е добро со оглед на прилично скромното зголемување на капацитетот на батеријата за само еден кило-ват. Зголемена е и моќноста. Тоа го овозможува новиот, врвен електричен мотор на Corsa кој донесе 20 коњи повеќе. Дури и времето на спринтот од мирување до стотка е намалено на 8,1 секунди. Вртежниот момент остана 260 Nm. Сè уште можете да ја имате Corsa со оригиналниот пакет батерии од 50 kWh и електричен мотор со 134 КС. Бидејќи и двете верзии на Corsa имаат батерии со слична големина, времето на полнење е споредливо. Користејќи ѕидна кутија со наизменична струја од 7,4 kW, целосното полнење трае околу 7 часа, додека полнењето од 0-80% од брз полнач од 100 kW трае само 27 минути.Каква е во возење Corsa Electric?Сосема исто како и моделот пред фејслифт, што не е лоша работа. Вообичаено, кога производителите ставаат поголеми батерии во своите ЕВ, тоа негативно влијае на ракувањето бидејќи од платформата се бара да контролира дополнителни неколку стотини килограми. Не со Corsa. Opel го постигна дополнителниот капацитет на батеријата со ќелии со поголема густина. Суспензијата е поцврста. Сепак, треба да се контролира дополнителната тежина на електричниот погон бидејќи, и покрај напорите на Opel, електричната верзија е сè уште е околу 400 килограми потешка од најлесниот модел со согорување. Бидејќи Corsa Electric има понизок центар на гравитација таа добро се приковува за асфалтот. Распределбата на тежината е блиску до идеалните 50/50 па можете поагресивно да се справувате со свиоците. Ќе остане мирна, дури и ако возите агресивно. Сепак, треба да бидете прилично храбри за да возите брзо. Дополнителната тежина на батеријата ги притиска тркалата и дава на Corsa Electric прилично чудно чувство на држење. Се чувствува „полеплива“ отколку што е, што отежнува да се процени каде се границите. Ова е карактеристика што ја споделува секој автомобил заснован на архитектурата e-CMP2 на Stellantis. Општиот впечаток е дека Corsa Electric стана зрела и подготвена за борба со големата конкуренција. Фејслифтот ја направи посакуван автомобил. Новиот стил сега се спротивставува на останатите европски конкуренти, додека неговиот нов електричен погон ветува дека ќе го направи автомобилот поупотреблив во секојдневието.

Заклучок

Проблемот со Corsa (и, рака на срце, повеќето мали електрични автомобили од западниот свет) е неговата цена. Кога ќе дојде во Македонија, идната година, таа ќе чини 36.200 евра. Ако е за утеха, толку чини и во Германија. Набавката преку финансирање на Шпаркасе лизинг со 20% учество на 60 месеци ратата изнесува 550 евра. Толку е и во Германија. Само што таа сума не преставува толку голем товар за германските колку за македонските купувачи. Но тоа е друга тема со која треба да се борат раководните институции во државата кои треба да креираат подобра финансиска клима. За среќа, ние ќе ја купуваме рестилизираната Opel Corsa со мотори на согорување, изведби кои ќе бидат далеку поевтини. Нив ги има две од семејството Pure Tech со 1,2 литрен мотор и сила од 75 и 100 коњи. Подоцна ќе се приклучи и верзија со благ хибрид, која сигурно ќе биде осетно поскапа. Не знам зошто низ глава ми помина познатата далматинска изрека: „Фали го морето, држи се до обалата“?!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER