Дамокловиот меч на електрификацијата на автоиндустријата

Дамокловиот меч на електрификацијата на автоиндустријата

Германија во нареднава декада ќе загуби преку 400.000 работни места!

Објавено на 24 јануари 2020 година

Колкава е цената што општеството ќе ја плати за забрзаната електрификацијата на автоиндустријата? Голема, и во милијарди, и во работни места, вели во својата студија националната платформа за иднината на мобилноста која проценува дека Германија ќе загуби преку 400.000 работни места во нареднава деценија, што е околу 1% од вкупниот број вработени во земјата. Причината се согледува во повисоката автоматизација на производството и значително помалиот дел компоненти што се вградуваат во електричните возила, но и во зголеменото добавување од Далечниот исток и загубата на порастот на волуменот на пазарот со префрлањето на возилата од фосилни горива на електрична енергија. Се разбира, извештајот веднаш беше искритикуван како „екстремно сценарио“ – германската асоцијација на авто-производителите очекува дека ќе се загубат „само“ 88 илјади работни места.

Автомобилската индустрија во Германија директно вработува околу 800 илјади а индиректно уште 3 милиони луѓе.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER