Ексклузивно за Авто Магазин, Микел Томсагер
Text: Mikkel Thomsager Photo: A. Hansen
Долго очекуваниот Fisker Ocean конечно е на пат до купуваачите. Дали големиот електричен кросовер на данскиот Хенрик Фискер, произведен во Австрија, вреди да се чека и дали вреди за парите?
Значи, дали треба да се одлучите за Fisker Ocean? Краткиот одговор е да, ако барате голем кросовер кој ќе се натпреварува со BMW iX3 и Mercedes EQC. Fisker Ocean е возбудлива алтернатива, со огромна батерија, одлична удобност и забавни решенија. Но, има неколку забелешки, како првичните проблеми со софтверот на автомобилот, што им донесе предизвици на сопствениците кои првпат го го користат.
Мислиме дека ова е затоа што Fisker е премногу зафатен со испорака на автомобили до клиентите кои чекаат, а софтверот на автомобилот едвај е финализиран, нешто слично кога VW го претстави ID.3. Но доклку ја земеме во предвид цената, краткиот одговор на прашањето „Дали Fisker Ocean вреди да се чека и дали вреди за парите?“ е: ДА! Првите автомобили Fisker Ocean требаше да бидат испорачани во Данска, Германија и САД во есента 2022 година, а потоа и на останатите важни пазари. Во реалноста, првите автомобили беа испорачани во јуни 2023 година, а динамиката оди со бавно темпо.
Првично, целта на производство за 2023 година беше нешто повеќе од 35.000 автомобили. Сега очекувањата се скоро преполовени. Првите автомобили што ја напуштаат фабриката се 5.000 единици од добро опременото специјално издание наречено Fisker Ocean One. Сите тие се продадени, но тие се приближно еквивалентни на врвната верзија на најавената стандардна програма, наречена Fisker Ocean Extreme, која, како и Fisker Ocean One, започнува од 67.272 евра.Зад брендот стои данскиот дизајнер на автомобили Хенрик Фискер, кој има славно минато во BMW и Aston Martin. Меѓу неговите најпознати модели се BMW Z8 од 1999 година и Aston Martin Vantage од 2005 година.
Тој подоцна се етаблира како производител на автомобили под свое име со хибридниот автомобил Fisker Karma (2012), кој беше произведен во нешто помалку од 2.500 единици. Сега Fisker повторно прави автомобили под свое име, овој пат електричен автомобил. Fisker Ocean, произведен од независниот производител на автомобили Magna Steyr во Австрија, е голем електричен кросовер. Неговите најблиски конкуренти се BMW iX3 и Mercedes EQC, но Ocean се издвојува со посебниот пристап на Хенрик Фискер кон дизајнот на автомобилите. Автомобилот е долг 477 cm и широк речиси два метри (198 cm). Ова го прави за цели десет сантиметри поширок од BMW iX3 и Mercedes EQC, а дополнителната ширина првенствено се препишува на дизајнот. Тркалата и калниците речиси излегуваат од телото на автомобилот на сите четири агли. Изгледа одлично и му дава на автомобилот мускулест изглед.
Но, тоа има цена во однос на просторот и може да биде тешко да се најде паркинг место во градот. Fisker Ocean има и релативно голем круг на вртење од 12 метри, што придонесува за чувството на возење голем автомобил. Но, автомобилот може да се справи со тоа. Зад воланот, во возачкото искуство доминира изненадувачки добар комфор на суспензијата. И покрај 22-инчните тркала на автомобилот за тестирање, Ocean навистина добро се справува со нерамнините и лошите површини, а на селските патишта и автопатиштата се лизга по површината, исто така благодарение на одличната дирекционална стабилност.При тесни маневри, има повеќе „сунѓересто“ чувство на воланот, иако односот на воланот е прилично агресивен околу средишната положба. Ако го изберете режимот на возење „Хипер“, тој е брз. 0-100 км/ч може да се постигне за само четири секунди и тоа се чувствува прилично агресивно на педалот за гас.
Но, исто така ова е тежок автомобил, над 2,5 тони, и не е спортски автомобил, иако има изненадувачки малку „усукување“ во свиоци. Тест автомобилот имаше двојни странични прозорци, што веројатно ја намалува бучавата од ветерот. Сепак, таа не е целосно исчезната, а од 80 км/ч има малку покачено неопределено ниво на бучава во кабината. Чувството е речиси како да седите во млазен авион. Батеријата има импресивни 113 kW, од кои 108 kWh нето. Може да се полни на 11 kW во домашни услови и до 200 kW на брз полнач.

Ова е подобро од неговите конкуренти и му дава официјален опсег на WLTP од импресивни 707 километри. Ова не изгледа нереално, иако е извонредно што автономијата е прикажана како точно 707 километри секогаш кога автомобилот е целосно наполнет. Тешко е да се внимава на тоа каква е вистинската потрошувачка, бидејќи Fisker Ocean е еден од ретките електрични автомобили, што не е опремен со мерач на потрошувачката. Зад воланот, погледот е ист како кај многу слични електрични теренци во моментов. Малиот екран пред возачот ги обезбедува најосновните информации (но не и информациите за потрошувачката), додека големиот (17,1″) вертикално поставен екран во центарот се грижи за речиси сите секундарни информации и работење.Има малку, но добро избрани наменски прекинувачи за прозорци, странични ретровизори, температура во кабината, брзина на вентилаторот и интензитетот на инфозабава.

Екранот има добра резолуција и е разумно брз. Тој може да се ротира за 90 степени ако сакате да гледат филм, но само кога возилото е во мирување. Кога ќе го „ставите автомобилот во брзина“ екранот автоматски се прилагодува на вертикална поставеност. Најголемиот предизвик на возачот е лошото возачко седиште. Седалката на седиштето е кратка и тесна, го стиска задникот на возрасните со малку над просечна големина, нема потпора за бутовите и наслонот на седиштето не е достапен со прилагодлива лумбална потпора.

Исто така, нема традиционална преграда за ракавици, туку маса на извлекување пред патникот. Сепак, има многу простор за складирање во централната конзола, која има и две точки за безжично полнење за мобилни телефони, а има и прегради за складирање под двете предни седишта. Багажникот официјално е со убава големина над 550 литри. Во реалноста, изгледа помало, но лесно е достапен и има подно место за кабли.
Течноста за прскалки се полни преку мало капаче кое се наоѓа веднаш под средината на шофершајбната.Од друга страна, има многу простор на задното седиште, каде што подот е рамен, а тројца возрасни лица лесно можат да се сместат, дури и со добра положба за седење и доволно простор за главите и колената. Има греење и Isofix држачи за двете надворешни седишта. Покрај тоа, има уште неколку трикови.

Сите прозорци освен шофершајбната може да се отворат електрично. Ова го вклучува третиот страничен прозорец во багажникот и задниот прозорец. Последново може да се спушти со посебно копче на далечинскиот управувач. Има и огромен подвижен покрив кој отвора половина од покривот на автомобилот. Подвижниот покрив е опремен и со соларни ќелии. Веројатно е повеќе трик отколку практична употребливост, но пораката е јасна.

Фискер декларира дека Океан е модел на автомобил кој е најмногу „климатски ориентиран“ во светот. Меѓу другото, многу од материјалите во автомобилот се рециклирани. Ако ова важи и за пластичните панели во кабината, може да се оправда непријатната завршна обработка на материјалот, што е најголемиот предизвик на Fisker Ocean.

Седиштата се покриени со пластичен материјал кој има малку груба површина. Изгледа ексклузивно, но не се чувствува така, а многу други пластични делови се чувствуваат евтини. На пример, четирите идентични рачки за внатрешни врати, кои исто така имаат забележителни обликувани рабови.

Сè уште не се достапни активна контрола на патувањето, активно следење лента, автоматско паркирање и асистенција на нагорнина за да се спречи лизгањето на автомобилот наназад при тргнување на ридови. Тоа ќе биде со софтверски ажурирања кои наводно доаѓаат наесен. Но, немојте да барате опрема како што е head-up дисплеј на шофершајбната, прилагодлива лумбална потпора, ладење на предните седишта и друга луксузна опрема, која е достапна во автомобилите на конкурентите, но не и во Fisker Ocean.

Од друга страна, цената од 67.272 евра е добра, особено ако се земе предвид огромната батерија. Подоцна ќе следи модел од средна класа со голема батерија, но помалку опрема за околу 50.000 евра, а најавена е и почетна верзија со батерија од 70 kWh по почетна цена од 45.000 евра. Тоа е зделка. Fisker Ocean е автомобил што вреди да се чека.



