Вест на денот, а богами и на годината » Франкфурт остана без салонот на автомобилите!

Франкфурт остана без салонот на автомобилите!

Светски познатиот IAA го напушта Франкфурт – тој ќе се одржи во Берлин, Хамбург или Минхен

Објавено на 30 јануари 2020 година

Кризата што ги зафати големите салони на автомобили ја зеде првата жртва – Франкфурт останува без IAA. Согласно соопштението на VDA, организаторот на светски познатиот салон на автомобилите и нивните намери тој да се трансформира, објавен е конкурс за нов концепт во кој приоритет ќе има мобилноста. На конкурсот со свои презентации одговорија седум германски градови, меѓу кои секако и Франкфурт, но тој не успеа да го помине ни првиот филтер. После него, во финалниот избор на VDA за организатори на IAA 2021 влегоа само Берлин, Хамбург и Минхен, а отпаднаа Келн, Штутгарт, Хановер и досегашниот домаќин Франкфурт. Со тоа, после долги скоро седум децении, овој град ќе остане без една значајна манифестација која во 2015 година ја посетија скоро милион, а лани едвај 550 илјади луѓе.

Кој ќе биде домаќин на наредното издание на IAA засега е тешко да се каже – според VDA сите три споменати кандидати настапиле со посветеност и креативни идеи. Одлука за градот во кој IAA ќе се одржи од 2021 година се очекува во следните неколку недели.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER