Богат, побогат, Илон Маск

Богат, побогат, Илон Маск

Објавено на 20 јануари 2020 година

Иако се мислеше дека се надуени како балон од сапуница, акциите на Tesla продолжија да растат а Илон Маск да станува побогат. Нивната цена минатата 2019 година скоро двојно порасна, зголемувајќи ја вредноста на компанијата на преку 90 милијарди долари што е повеќе отколку General Motors и Ford заедно. Тоа што овие две компании произведуваат милиони возила а Tesla само околу 365.000 годишно, нема никакво значение. Според берзанските аналитичари побитни се процентите на пораст и можните потенцијали за во иднина. А тие навистина му одат од рака на Илон Маск, кој поседува околу 22 отсто од Tesla. Неговата компанија лани добро помина со производството на Model 3, а започна со работа и фабриката во Кина. Плус на тоа стартуваа и активностите за изградба на првата европска гигафабрика, од која од идното лето ќе излегуваат по 500.000 возила годишно. Сликата малку ја помати претставувањето на пикапот Cybertruck кога берзата реагираше со пад на вредноста на акциите за 7 отсто. Но тоа беше само привремено бидејќи за неколку дена Маск собра 200.000 резервации за него. Тогаш акциите на Tesla се тргуваа за 330 долари, а сега нивната вредност надминува 500 долари.

Инаку, највредна автомобилска компанија во светот е Toyota чија пазарна капитализација изнесува 200 милијарди долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER