Аutobest – тестови на финалистите

Финалистите под лупа

Фото прикаска од Теесдорф

објавено 11. ноември 2020

Најголемото европско жири составено од автомобилски новинари го одржа своето традиционално тестирање на финалистите за титулата Best Buy Car of Europe in 2021. Оваа година тестирањето се одвиваше на патеката Теесдорф во близина на Виена. Пред да започне тестирањето претходната вечер се одржа традиционалната презентација ан финалистите. А тие се Citroen C4, Dacia Sandero, Honda Jazz, Peugeot 2008, Seat Leon, Skoda Octavia и Toyota Yaris. Од овие седум конкуренти не се појави Dacia Sandero која се уште нема произведено примероци. Нејзиното тестирање ќе се изврши на посебен настан планиран за крајот на месецов. Поради пандемијата и рестриктивните услови на патување само девет од 31 членото жири успеа да се пробиат до Теесдорф полигон за испитување на Австрискиот Автомобилски клуб. Сите финалисти одржаа 20 минутни презентации по што следуваше сесија на прашања на кои одговараа презентерите. Наскоро ќе се знаат и посебните признанија кои се доделуваат во рамките на наградите на Аутобест додека датумот за гласањето ќе биде померен за две недели, односно во средината на декември. Решивме многу да не ви кажеме туку ќе ви покажеме каква беше атмосферата во Теесдорф.

Citroen C4

Honda Jazz

Peugeot 2008

SEAT Leon

Skoda Octavia

Toyota Yaris

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER