Ќе биде ли цената на нафтата 45 или 15 долари за барел?

Ќе биде ли цената на нафтата 45 или 15 долари за барел?

Објавено на 14 април 2020 година

Сите очекуваа да поскапи, а таа тргна во спротивен правец – цената на нафтата на берзите вчера падна за 1,65%, односно на 22,04 долари. Кога ОПЕК го најави состанокот на кој требаше да се одлучи за кратење на производствените квоти, таа рипна на 28 долари. Тогаш се појавија две спротивставени струи на анализи и предвидувања – додека едни велеа дека историското намалување на производството од 10 милиони барели дневно ќе ја искачи нејзината цена и до 45 долари, други велеа дека тоа не е доволно и дека ќе падне на 20. Засега испаѓа дека вторите се во право. Нивните аргументи се темелат на една вистина – дека иако во нормални услови 10 милиони барели помалку дневно би биле доволни, сега не се. Тие тврдат дека намалувањето на производството требаше да биде дури трипати поголемо, од две причини. Првата е дека побарувачката и понатаму ќе биде намалена, а втората дека сите оние кои имаат залихи ќе побрзаат да ги продадат. А залихи има многу, бидејќи изминативе месеци тие се натрупаа – нафтата сега се складира и на укотвени танкери кои не пловат оти немаат кому да ја однесат. Ако сето ова се надополни и со незадоволството на некои земји (читај: непослушноста спрема водечката улога на Саудиска Арабија во ОПЕК) и триковите што Американците ги прават со своите залихи и производство, тогаш како единствен заклучок може да се донесе дека ништо, ама баш ништо не може да се предвиди.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER