ЈП ПОЦ – помалку санкционирани

Вести Македонија

Во однос на минатата седмица санционирани се 136 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 18.01. до 24.01.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 69 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 67 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.