Што празник се ближи?! » Горивата поевтинија, и тоа многу

Top News Македонија

Горивата поевтинија, и тоа многу

Објавено на 3 март 2020 година

Регулаторната комисија за енергетика на Македонија одлучи драстично да ги поевтини горивата, до толку што се запрашавме што празник се ближи. Тешко дека тоа е по повод 8 март, но како и да е, од денеска сите ние – и мажи и жени, за литар бензин ќе плаќаме по 3, а за литар дизел по 2,50 денари помалку. Официјално регулаторите нé известија дека до овие бројки дошле по анализата на движењата на цените на дериватите на светските пазари, кои во изминатиов седумдневен период забележиле намалување кај бензинот за 10,40% и кај дизелот за 9,63%. Истовремено и доларот поевтини за 0,35%, така што сега литар бензин еуросупер БС-95 чини 64 денари, литар еуросупер БС-98 66 денари, а литар еуродизел Д-Е V 56 денари.