Цените на горивата потонаа

Цените на горивата потонаа

За жал заради лоша причина

Објавено на 16 март 2020 година

Место да ги поскапи за да седиме дома, регулаторната комисија за енергетика на Македонија ги поевтини горивата. И тоа драстично, како директна последица на намалувањето на цените на нафтата на берзите заради помалата побарувачка предизвикана од коронавирусот. Така од ноќеска на полноќ за литар бензин ќе плаќаме по 7,50 денари а за литар дизел по 6 денари помалку, односно малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 54,50 денари, на еуросупер БС-98 56,50 денари, а на еуродизел Д-Е V 48,50 денари. До овие бројки помали просек за 14,54% регулаторната комисија дојде по намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензинот за 30,037% и кај дизелот за 21,841%, како и заради поевтинувањето на доларот за 2,168%.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER