Цените на горивата на клацкалка

Top News Македонија

Цените на горивата на клацкалка

Објавено на 4 мај 2020 година

Како резултат на стабилизацијата на цената на нафтата на светските берзи, бензинот кај нас поскапе а дизелот поевтини. Регулаторната комисија за енергетика на денешната седницата донесе одлука според која од утре за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 50,50 денари, за литар еуросупер БС-98 по 52,50 а за литар еуродизел БС Д-Е V по 42,00 денари. До ова поскапување за денар односно половина денар за бензините и поевтинување за половина денар на дизелот е дојдено како резултат на промената на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период, кои се зголемија за бензинот за 8,197% и се намалија за дизелот за 3,342%. Истовремено, промената на вредноста на доларот за 0,009% немаше никакво реално влијание.