Херберт Дис повеќе не раководи со VW

Top News Занимливости

Херберт Дис повеќе не раководи со VW

Објавено на 9 јуни 2020 година

Извршниот одбор на Volkswagen групата навидум му ја откажа довербата на Херберт Дис, кој на челото на марката VW ќе биде заменет од Ралф Брандштетер. До овие измени е дојдено заради новата ситуација која бара нови решенија, базирани на стратешките темели поставени во последните неколку години, со доследна ориентација према е-мобилноста и создавањето структура за дигитализација на автомобилите. Со оглед на тоа, беше потребно компанијата да се освежи за да биде посилна водечка структура на концернот. Измените во раководството кои ќе стапат на сила од 1 јули ќе имаат и за последица да го ослободат Дис кој досега беше одговорен и за улогата на директор на концернот. Со тоа тој ќе добие поголема слобода во својата работа како извршен директор на целата група. Целта на овие измени е посилно фокусирање на задачите на одговорните луѓе во трансформацијата на групата која е во тек.

 

клучни зборови: