Франкфурт 2019: Едни поинакви Кинези

Едни поинакви Кинези

Иако годинешниот салон на автомобилите во Франкфурт е бледа сенка на она што некогаш беше, сепак имаше кој да ја брани автомобилската иднина – колку успешно, е друга приказна

Објавено на 13 септември 2019 година

Кога ги нема големите, тогаш и малите ѕвезди сјаај, макар доаѓале и оддалеку. Една таква, иако е претенциозно да ја наречеме ѕвезда, заблеска со сиот сјај под куполите на франкфуртското сајмиште, привлекувајќи внимание со најмалку две работи. Првата е оригиналниот дизајн, кој благо кажано е чуден – фотографиите доволно кажуваат колку. Втората е местото од каде доаѓа – од името San Yuan може да се заклучи, ама погрешно. Не докрај погрешно бидејќи сепак се работи за Кинези од Тајпеј, главниот град на Тајван. Компанијата постои 35 години и е во алијанса со Yamaha, а сега очигледно сака да се испроба и во автомобилскиот бизнис. Тоа што го гледаме треба да биде микс меѓу кросовер и купе со две врати со линии препознатливи кај некои други автомобили. Внатрешноста е изведена во раскошен стил со силно влијание на далекуисточните вкусови, за кои нема да дискутираме. За механиката ништо не се знае – единствено што може да се заклучи е дека има некаков тип на бензински мотор бидејќи црвеното поле на дигиталниот покажувач на бројот на вртежи започнува од 6.000.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER