Уште еден успех на Rimac

Занимливости Поглед во иднината

Уште еден успех на Rimac

Hyundai и Kia инвестираат 80 милиони евра во хрватскиот производител на електрични возила и технологии

објавено на 14 мај 2019 година

Во име на Hyundai групата, нејзиниот извршен потпретседател Еуисун Чунг со Rimac Automobili потпиша договор за технолошко партнерство тежок 80 милиони евра. Од нив 20 отсто се од Kia, а останатите се вложување на Hyundai. Вака високата сума хрватскиот производител на електрични возила и технологии ќе ја одработи со тоа што ќе му помогне на корејскиот гигант во наредните шест години да исфрли на пазарот дури 44 модели задвижувани на струја. Еден од нив ќе биде тркачкиот RM16N кој во својата концептна верзија се појави со централно монтиран турбо мотор. Вториот новитет кој е најавен е хибридно возило со високи перформанси и погон на водород, најверојатно под знакот на Genesis. И двете возила се очекуваат веќе во 2020 година.

Мате Римац не го криеше задоволството што Корејците се одлучија токму за неговата компанија. „Во Hyundai групата гледам силен инвеститор и технолошки партнер и верувам дека тој ќе ја засили позицијата на Rimac Automobili како добавувач на електрични технологии за автомобилската индустрија”, рече тој.

Ова е најголемо вложување во Rimac Automobili од неговото основање, како и најголема инвестиција во некој хрватски стартап воопшто.

клучни зборови: ,