Трката за титулата „Автомобил на годината“ во Европа започна

Top News Занимливости

Трката за титулата „Автомобил на годината“ во Европа започна

Вкупно 35 финалисти застанаа на стартната линија на маратонот кон престижната европска автомобилска награда

Објавено на 22 октомври 2019 година

Согласно својата агенда, европското жири за избор на автомобилот на годината ја објави листата на кандидатите за титулата за 2020-та. Вкупно 60-те членови на жирито, сите автомобилски новинари, се согласија дека 35 автомобили ги исполнуваат условите и продолжуваат во трката која ќе се одвива во уште две фази. Тие низ првиот филтер ќе поминат при крајот на идниот месец кога ќе бидат објавени кои 7 од нив продолжуваат во финалето. Победникот ќе се знае на почетокот на март, односно ден пред салонот на автомобилите во Женева каде ќе биде промовиран. А тој ќе биде еден од следниве автомобили:

  • Audi e-Tron
  • BMW 1, Z4, X6, X7
  • DS 3 CrossBack
  • Ferrari F8 Tributo
  • Ford Puma
  • Kia e-Soul
  • Mazda 3, CX-30
  • Mercedes CLA, EQC, GLB, GLS
  • Nissan Juke
  • Opel Corsa
  • Peugeot 208
  • Porsche 911, Taycan
  • Range Rover Evoque
  • Renault Captur, Clio, Zoe
  • Škoda Kamiq, Scala
  • SsangYong Korando
  • Subaru Forester
  • Tesla Model 3
  • Toyota Camry, Corolla, RAV4, GR Supra
  • Volkswagen Golf, T-Cross