Трамп го посети Ford – без маска

Занимливости

Трамп го посети Ford – без маска

Објавено на 22 мај 2020 година

За два дена Ford два пати се најде во ударните вести – првиот пат без Трамп, а вториот пат со него, кога американскиот претседател посети една од фабриките на компанијата. А тој пак, беше без маска, која во јавниот дел од посетата одби да ја стави со образложение дека не сака на медиумите да им го даде задоволството да го видат со неа. Но страв лозје чува и Трамп сепак признавајќи дека ја носел за време на обиколката на фабриката, токму како што налагаат правилата за заштита од ширењето на коронавирусот. Дека не лаже, докажа вадејќи од џебот брендирана маска во боите на Белата Куќа, а тоа го потврди и првиот човек на Ford, Бил Форд. Тој, пак, си има друга мака – само што почнаа да работат, две од неговите фабрики мораа да престанат бидејќи прегледите открија вработени заболени од коронавирусот. Прекините траеја кратко, но сепак се заканија дека можат да го пореметат целиот процес на производство – во ваков случај целата смена работници се испраќа на двонеделна домашна изолација, а погоните темелно се дезинфицираат.

 

клучни зборови: