Стартуваше саемот во Франкфурт » Го бива или не?

Го бива или не?

Тоа е прашање за милијарда евра, всушност малку повеќе…

Објавено на 13 септември 2019 година

По традиција, лично канцеларката на Сојузна Република Германија ги направи првите чекори низ официјално тукушто отворениот саем на автомобили во Франкфурт. Претходните два дена беа резервирани за претставниците на медиумите, од кои стигнуваат измешани вести околу оценката за тоа го бива ли саемот во Франкфурт или не? Лично бевме таму и се уверивме дека со оглед на ситуацијата Германците добро се претставија. Но клучните зборови во нашата констатација се Германците и добро. Во првиот случај затоа што производителите од другите земји практично ги немаше – може да се избројат на прсти. Во вториот, пак, кога зборуваме за Франкфурт зборот „добро“ всушност е лош, бидејќи навикнавме таму сé да биде исклучително, односно повеќе од одлично.

Годинава тоа не беше случај – тие што се претставија учествуваа со намален број новитети, посебно концепти, а бројот на оние што апстинираа се искачи на дури 23. Набројуваме дел од нив: Peugeot, Citroen, DS, Dacia, Fiat, Jeep, Ferrari, Mazda, Mitsubishi, Nissan, Infiniti, Subaru, Suzuki, Toyota, Volvo, Rolls Royce, Aston Martin… Имаше и некои нови, од најдалечниот исток, но за нив сепак не треба да трошиме премногу зборови. Затоа, накратко и искрено кажано, што сé ќе се случува после две години за кога е закажана наредната манифестација на ова тло, никој не може да претпостави. Но за жал, ако треба да претпоставуваме, тоа нема да се допадне никому.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER