Среќна нова Toyota Supra!

Новата Toyota Supra изненадно се појави во јавноста
Објавено на 1 јануари 2019 година

Ја испративме 2018-тата и ја дочекавме 2019-та со најжелно очекуваниот автомобилски новитет последниве години – новата Toyota Supra која изненадно се појави во јавноста кратко пред нејзината детроитска премиера. Фотографиите од рекламниот материјал не се со којзнае каков квалитет, но од нив сепак може да се заклучи дека се веродостојни. Бидејќи се развиваше три години, во изгледот на Supra скоро и да нема нешто непознато. Затоа пак под кожата малку се знае што ќе има, иако е заеднички производ со BMW и дели многу работи со новиот Z4. Најновите бројки кажуваат дека трилитарскиот шестцилиндричен турбо мотор ќе има (најмалку) 335 коњски сили, со посилна верзија во план. Доста во нејзината внатрешност е преземено од моделите на Lexus, од каде ќе биде и цената од најмалку 50.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER